ФОТО: Во пожар во Германија загинаа 14 хендикепирани лица

Од:

Во пожар во работилница во која работеле хендикепирани лица на југозапад на Германија, погинаа 14 и повредени се уште седум лица, јавија германските медиуми.

Неколку лица биле отрстранети од работилницата и спасени бидејќи пожарникарите стигнале навреме  на лице место.

Пожарот избил околу 14 часот по локално време и два часа подоцна се уште не бил изгаснат, наведуваат медиумите.

Според информации до кои дојдоа локалните медиуми, во магацинот од работилницата дошло до експлозија, но се уште е нејасно дали во магацинот имало складирано и хемикалии.

Портпаролот на локалните пожарникари, Маркус Штрауб, изјави дека за сега нема сигурни информации за тоа како пожарот ја зафатил зградата во малото место Титиси-Нештад, во близина на Фрајбург.

Центарот што го водела Каритас (организација на Католичката црква) вработувал околу 120 хендикепирани лица со психички или физички инвалидитет на работни места бравари, дрводелци и електричари, наведуваат медиумите.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он