Најмалку 25 лица настрадаа минатата ноќ, поради поплавите кои што го погодија Буенос Аирес, со што бројот на загинатите се искачи на 31 лице, изјави денес гувернерот на Буенос Аирес, Даниел Скиоли.
Скиоли изјави дека голем број луѓе умираат обидувајќи се да ги спасат од вода автомобилите во Толус.
-Ова е најлошо невреме кое што го погоди Ла Плат – изјави тој и додаде дека повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани, додека струја нема во целиот град.
Вчера во главниот град Буенос Аирес во поплавите загинаа четири лица.
Елена Георгиевска