Шест руски туристи загинаа, а двајца се потешко повредени кога нивните моторни санки се превртеле и од скијачката патека завршиле во провалија во италијанските Алпи.
Двете повредени лица веднаш се пренесени во болница, а операцијата за извлекување на телата на загинатите се уште е во тек.
Несреќата се случила доцна синоќа на планината Цермис на северот од Италија.
Со моторната санка управувал еден од Русите и во еден момент изгубил контрола над возилото и паднале во провалија длабока околу 100 метри.
Причината за несреќата се уште не е позната, но италијанските медиуми јавуваат дека патеката по која Русите возеле не била осветлена.
На планината Цермис веќе се случиле две тешки несреќи. Во 1976. година пукнал кабел од една од жичарите, при што загинале 43 луѓе. Во 1998. година пак американски борбен авион пресекол кабел на скијачка гондола, при што смртно настрадале 20 луѓе.