Во Русија продолжува студениот бран, во кој од 14 Декември умреа 45 лица, а денеска се очекува во Москва температура од минус 26 степени, соопшти Метеоролошкиот институт на Русија.
Институтот предупредува дека температурите кои се помеѓу 10 и 15 степени под просекот за овој период од годината, ќе потрајат уште најмалку три дена.
Во Москва денеска се очекуваат минус 26 степени, минус 38 во Урал, во регионот на Краснојарск, во Сибир, температурата ќе се спушти на минус 48 степени.
Во Јакутија, во североисточниот дел на Сибир, оваа недела во училиштата беше откажана наставата, бидејќи температурата беше минус 57 степени.
“Дури и сибирците, кои се навикнати на студ, овој пат се жалат на времето и велат дека се плашат да излезат од под јорган,” се вели во извештајот на руската телевизија НТВ.
Ледениот ветер и обилните снежни врнежи се очекуваат во Јужна Осетија, републиките Кабардино-Балкарија, Ингушетија, Чеченија и Дагестан на јужниот крај на Кавказ, каде што климата обично е многу блага.
Руското Министерство за вонредни состојби соопшти дека ширум Русија е забележано недостаток на вода и електрична енергија.