Рекорден снег за ноември наврна во Москва, а се предвидува дека снегот ќе паѓа до утре изутрина.
Градската управа соопшти дека тоа е најголем снег за месец ноември во изминатите 50 години.
Метеоролошката служба денес соопштила дека во последните 24 часа паднало околу една третина количина снег која обично паѓа во целиот месец ноември. Снежната покривка е со височина од 12 сантиметри.
Патиштата се во колапс, а авионскиот сообраќај на најголемиот аеродром Домодедово во текот на измината ноќ едвај се одвивал. Функционерите наведуваат дека сите три аеродроми во Москва изутринава работат според вообичаениот распоред.
Меторолозите прогнозираат дека снежната бура ќе трае до утре изутрина.