Дваесет и шестгодишниот Дејн Пјери кој во 2011 година се преселил во близина на Сан Франциско, од останатите компјутерски експерти кои работата во Силициумската долина се разликува по тоа што има фирма која врши продажба на марихуана.
Тој пред неколку месеци престанал да се занимава со програмирање, бидејќи сфатил дека потполно легално може да заработи со канабис.
Пјери сега е извршен директор на фирмата „Марвина“, која што ја основал во ноември мината година и која е во рамките на постоечкиот закон во Калифорнија, со кој е дозволена продажба на овој вид наркотик, за медицински цели.
Клиентите по пат на интернет може да нарачаат количина и вид од оваа дрога, а најмалата месечна нарачка чини 95 долари. За оние клиенти кои што не знаат како се користи канабисот, експертите од „Марвина“ во елеганти црни кутии испраќаат кесички со опис на вкусот и ефектот кој се добива со конзумирање.
-Никогаш навистина не сум размислувал дека канабисот може да биде добар бизнис. Во 2013 година никој во Силициумската долина не посветуваше внимание на тоа, а потоа во 2014 годиан сите одеднаш се заинтересираа- вели тој за британски „Дејли телеграф“.
Е. Г.