ФОТО: Протести против Тачер во Лондон, Белфаст и Глазгов

Од:

Помали групи демонстрати се собраа синоќа во делови од Лондон, како и во Белфаст и во Глазгов, за да протестираат против политиката што во времето кога беше премиер ја водеше покојната Маргарет Тачер.

Група од стотина левичари на лондонскиот плоштад Трафалгар, со „анти-Тачер“ песни, со музика и со пиење шампањско ја „славеа“ смртта на премиерката која Британците и светот ја нарекуваа „челичната лејди“.

 protest-slavenje-02

Во изјава за лондонските медиуми, учесници на овие протести рекоа дека Тачер е виновна за „уништувањето“ на рударството што предизвика многу луѓе да останат без работа.

За време на протестите во лондонскиот кварт Брикстон, мораше да интервенира и полицијата за да се запре вандалското насилство. Засега нема сознанија кои објекти се нападнати и колкава е предизвиката штета. Во Брикстон каде има бројна црнечка популација во 80-те години на минатиот век, кога Тачер беше премер, избувнаа неколкуденвни расни немири што полицијата брутално ги совлада.

protest-slavenje-01

Левичарско „славење“ на смрта на поранешната премиерка имаше и во Глазгов, додека во Белфаст демонстрантите-католици и приврзаници на републиканскто движење, носеа транспаренти на кои пишуваше „Старата вештерка е конечно мртва“.

Лидерот на сеирската партија Шин Феин, Гери Адамс изјави дека Тачер „ја продолжи војната и предизвика маки и страдања во Северна Ирска, со својата драконска и милитаристичка политика“.

protest-slavenje-03

Претставник на британската синдикална унија на рударите по повод смртта на Тачер изјави дека таа со својата економска политика „им служеше само на интересите на профитот и на оние кои го создаваат“.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот