Триесет и четиригодишниот Тори Џонсон и Катрина Донсон се жртвите кои загинаа во угостителскиот објект во Сиднеј, во кој лажниот шеик терористот Ман Харон Монис (50) држеше 30 заложници.
Тори е убиен додека се обидувал на киднаперот да му ја одзеде пушката, додека Катрина последните моменти од својот живот ги посветила на одбрана на бремената пријателка.
Само неколку минути пред да влезат специјалците во кафулето „Линт“ е убиен Џонсон.
-Му се спротивставил на теористот бидејќи сакал да го спречи страдањето на недолжните луѓе- вели еден полицаец.
Според наводите терористот потоа почнал да пука кон заложниците и во тој момент Катрина која што е мајка на три деца, излегла пред својата бремена пријателка. Поради повредата доживеала срцев удар.
Тоа се случило само неколку минути пред специјалците да стават крај на заложничката криза која траеше цели 16 часа.
Граѓаните на Сиднеј пред кафулето во кое се одигра оваа крвава драма, поставија цвеќе во чест на храбрите жртви.
Е. Г.