ФОТО: Околу 70.000 верници се молеа со папата Франциско за мир во Сирија

Од:

Околу 70.000 лица се собраа синоќа на молитва за мир во Сирија на полштадот „Свети Петар“ во Рим, со која раководеше лично поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско.

Папата апелираше да се запре ширењето на крвавиот судир во Сирија и ги повика светските лидери да „го извлечат човештвото од спиралата на тагата и смртта“.

– Насилството и војната кводат само кон смрт. Тие говорат за смртта. Насилството и војната се јазикот на смртта. Во саканата Сирија, на Блискиот Исток и во целиот свет да се помолимe за помирување и мир. Ајде да работиме на помирување и мир, порача папата за време на молитивата.

molitvaPapaF

Во исто време, на повикот на папата до сите католици, но и до муслиманите, православните христијани и евреите, за молитива за мир во Сирија, се одзваа и неколку десетици илјада жители на Дамаск, кои се собраа пред една од црквите во сирискиот главен град.

Како што соопшти Светата Столица, молитви се одржаа и во повеќе други градови ширум светот, „од Багдад до Ерусалим, од Мумбај до Буенос Аирес, од Вашингтон до Бејрут“.

molitvaSirija13

Ова не е првпат еден понтиф да повикува на молиитви за мир. Претходниците на актуелниот папа организираа такви молитиви и за мир во Ирак, на Балканот и во Виетнам.

На почетокот на неделава папата Франциско упати писмо до учесниците на Самитот на Г-20 во Санкт Петербург во кој повика да престанат „непродуктивните заложби за воено решение“ на конфликтот во Сирија.

molitvaSirija1

Би можело да ве интересира

Лавров: Русија ќе бара безусловно укинување на сите санкции за Сирија

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија