И покрај тоа што во центарот на Сиднеј, во кафулето Линдт беа заробени околу 30 лица и се одвиваше вистинска драма, на интернет се појави „селфи“ на луѓе кои се фотографирале пред објектот.
Љубопитните минувачи ги заобиколувале полициските кордони и се доближувале до кафулето, а некои и дури се фотографирале.
Поставувањето „селфи“ на социјалните мрежи, предизвика критики кај останатите корисници.
Е. Г.