Најмалку 12 лица загинаа, а 63 се повредени откако во експлозија на природен гас беше уништена десеткатна станбена зграда во центарот на аргентинскиот град Росарио.
Од експлозијата биле оштетени и соседните станбени објекти, а станарите во радиус од два километри се евакуирани.
Градоначалникот на Росарио, Монике Феин изјави дека причина за инцидентот е истекување на гас. Испораката на гас е целосно запрена во поголемиот дел од градот.
Полицијата целосно затвори неколку згради и училишта во радиус од пет блокови поради страв од нивно уривање.
Роасарио е трет по големина град во Аргентина со 1,1 милиони жители. Градот е 300 километри северно од Бунеос Аирес и е главно аргентинско извозно пристаниште за земјоделски производи.