ФОТО: Милионер држел во заробеништво манекенки со кои има деца

Од:

Педесет и шестгодишниот британски милионер, Шоја Шојаи, кој потекнува од Иран, е уапсен во Шпанија, под обвинение дека во заробеништво држел девет манекенки, кои му служеле како сексуални робинки и со кои има седум деца.

Тој на девојките, кои што ги запознал во Лондон им ветил работа во светот на модата и на тој начин ги мамел да дојдат во Шпанија. По доаѓање во неговата вила, девојките кои потекнуваат од Русија, Германија, Монголија, Казахстан, станувале негови заробенички.

Шоја им раскажувал дека е нафтен тајкун и личен пријател со првиот човек на Русија, Владимир Путин и американскиот претседател Барак Обама.

shoja-shoai-kukja

Девојките кои што биле на возраст од околу 20 години на бизнисменот му родиле вкупно седум деца, од кои најмалото има осум месеци, а највозрасното седум години.

Од друга страна, тој вели дека не станува збор за никаков харем и заробеништво, туку тврди дека девојките работеле во неговите компании и дека доброволно имале секс со него.

Покрај него и вработените во популарното одморалиште изјавиле дека не веруваат дека девојките биле принудени да останат во вилата.

-Сите беа млади, убави и модерно облечени. Не изгледаа несреќно- вели еден работник- пренесе „Дејли меил“.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски