Маргарет Хилда Тачер барон Тачер (родена во Грантам, 13 октомври 1925) беше поранешна британска премиерка, позната и како Челичната лејди.
По занимање била адвокат и хемичар, а во 1974 година станува првата претседателка на Конзервативната партија, а потоа и прва претседателка на владата на Обединетото Кралство. Оваа функцијата ја врши од 4 мај 1979 до 28 ноември 1990 година.
Маргарет Тачер се памети по својата одлучност за разлика од другите политичари во тоа време, а позната е по блиските односи со американскиот претседател Роналд Реган. За нејзиното владеење во 1982 година Британија влегува во војна со Аргентина, околу Фолкландските острови.
Младоста ја поминува во родното место, Грантам, во куќата на нејзините родители Алфред и Беатрис Робертс, и двајцата методисти, кои се занимавале со фамилијарен бизнис –продавница. Маргарет Робертс учела основно и средно училиште во родниот град, а потоа образованието го продолжува на Оксфорд каде учела хемија.
Конзервативната политика одсекогаш била на прво место во животот на Маргарет, а во Оксфорд била избрана за претседател на студентската комора на конзервативната партија.Тачер два пати се кандидирала како кандидат на Конзервативците за место во Дартфурд, но иако и двата пати не била избрана, се стекнала со голема слава бидејќи била најмладата жена-кандидат за оваа позиција.
Со својот сопруг Денис Тачер кој бил локален бизнисмен се венчале во 1951 година, а една година подоцна им се родиле близнаците Марк и Керол. Во 1970 година кога Конзервативците стапиле на власт, Тачер била избрана за Министер за образование, но тоа не бил многу добар период за неа заради постојаните протести кои сепак успеала да ги смири.
Во 1974 година по поразот на владата на Хет, Маргарет се кандидирала за претседател на Конзервативната партија. Откако во февруари 1975 станала претседател на Конзервативната партија, таа од 1974-1979 успешно ја води опозицијата. На изборите во мај 1979 Маргарет Тачер станува првата жена премиер на Велика Британија.
Новата влада имала една основна цел која била подобрување на економијата во Британија. Тачер е позната по тоа дека превземала драстични мерки како кратење на даноците со кои буџетот се избалансирал, но економијата веќе почнала да влегува во рецесија.
Невработеноста во Англија веќе изнесувала околу 3 милиони при крајот на првиот мандат на Тачер, а почнала да се намалува дури во 1986 год. Земјата се наоѓала во инфлација, но владата успеала да излезе од таа криза со преземање на различни мерки.
Вториот мандат Тачер го добива по успешниот потег со кој во војната со Аргентина, Фолкландските острови ги става под Британска контрола во јуни 1982. Во 1983 година Владата е реизбрана, со мнозинство од 144 пратеници.
На почетокот на вториот мандат, Тачеровата влада се соочила повторно со проблеми. Штрајкот на рударите кој траел од 1984-1985 ќе биде запаметен како еден од надолгите и најнасилните во Британската историја. Владата на Тачер уште еднаш докажала дека знае како да се справи со овие ситуации.
За времетраењето на штрајкот, во октомври 1984, Ирската Републичка Организација (ИРА), се обидела да ја убие Маргарет Тачер во хотелот каде престојувала за време на конференција на Конзервативната партија. Иако Тачер останала неповредена, нејзините колеги завршиле трагично.
Британската полиција во Северна Ирска одсекогаш била проблем за британскиот државен врв, а Маргарет особено ги налутила со тоа што одбила да излезе во пресрет на нивните политички барања.
Но, таа во 1985, го потпишала Англо-Ирскиот Договор, со кој се предвидувало подобрување на односите меѓу Британија и Ирска за да се добие поголема безбедност. Овој договор служел и за политичко признавање на Католиците во Северна Ирска, а оваа постапка била поздравена од Роналд Реган и Американскиот Конгрес.
Во јуни 1987 економијата се наоѓала на високо ниво, и Маргарет Тачер била повторно избрана за Премиер на Обединетото Кралство, овојпат со мнозинство од 101 пратеник.
Третиот мандат е окарактеризиран како еден од најамбициозните премиерски мандати во Британија. Имало голем број на реформи како: реформи во образовниот систем, реформи во Националниот Здравствен Сервис како и воведување на нов даночен систем.
Во периодот од 1987-1988 започнале несогласувањата во Владата за политиката со Европската Заедница. Говорот што го одржала Маргарет Тачер во Бругс (септември 1988) го започнал процесот со кој Конзервативната партија иако некогаш про-европски ориентирана, започнала да станува евро-скептична.
Тачер учествувала и во последната фаза на Студената Војна, и ја зацврстила Западната Алијанса против Советите,
Советите ја нарекуваат Iron Lady (Челичната лејди), заради цврстиот став кој го имала против нив во говорите кои ги држела.
Во 80тите таа дава голема поддршка кон Регановата политика, а кога Михаил Горбачов станува потенцијален советски лидер, таа го поканува во Британија и го декларира како човек со кој може да се води бизнис, иако го задржува својот критицизам кон комунизмот.
Кога во 1990 завршува Студената војна и се отвораат источните економии, Франција се обидува да ја заживее идејата за единствена европска валута. Ова наишло на несогласување кај британската влада, и довело до уште поголеми поделби во врска со европската политика.
Поради ваквата политика на премиерката, нејзината идеа за Европа и нејзинато одбивање на идеата за единствена европска валута, заменик министерот Џефри Хау,поднел оставка. Во партиското гласање што следело Тачер го добива мнозинството, но била информирана дека е потребено второ гласање.
Кога на една конференција во Париз ја добила оваа вест, Тачер веднаш одлучува да продолжи да се бори. Кога се вратила во Лондон, наишла на противење на колегите од нејзината партија, кои се сомневале дека ќе добие четврт мандат.
Немајќи друг излез таа одлучила да се откаже од премиерската трка. Маргарет Тачер ја заменува Џон Мејџор, кој подоцна бил заменет со Тони Блер од Лабуристичката партија.
Темјана Поповска