Десетина илјади Аргентинци маршираа низ улиците на Буенос Аирес на антивладините демонстрации.
„Да за демократијата, не за реизборот“ на претседателот Кристина Фернандес де Кирхнер на водечката функција во земјата, извикуваа демонстрантите на најголемиот протест во аргентинската престолнина во последната деценија.
Истовремено протести, поради најавениот реизбор, растечката инфлација и високата стапка на криминалот и корупцијата, се одржани и во другите поголеми градови во земјата.
Аргентинците истовремено протестираа и пред своите амбасади ширум светот, Њујорк, Париз, Рим, Мадрид, Торонто, Лондон.