Најмалку едно лице загина во синоќешните судири меѓу египетската полиција и демонстранти, кои се собраа на плоштадот во Каиро во знак на протест поради одлуката на египетскиот суд да ги отфрли обвиненијата против порашениот претседател Хосни Мубарак за убиство на демонстранти во 2011 година.
Египетската полиција употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите.
Над 1.000 демонстранти се собраа на влезот на плоштадот Тахрир, центарот на протестите против Мубарак.
Претходно, одлуката на судот ја поздравија приврзаниците на Мубарак, кои тврдат дека тридецениското негово владеење со земјата било успешно и стабилно.
Египетскиот суд вчера го отфрли обвинението против Мубарак за убиство на демонстранти за време на протестите во 2011 година со кои беше соборен од власт. Судот, исто така, го ослободи Мубарак од обвиненијата за корупција при извоз на гас во Израел.
Мубарак, сепак ќе остане зад решетки бидејќи отслужува тригодишна затворска казна за корупција во друг случај.
За време на протстите со кои беше соборен Мубарак убиени се 800 лица, а демонстрантите 18 дена беа во судир со полицијата низ целата земја.