Речиси две години по катастрофалниот земјотрес и цунами на 11 март 2011 година кои го опустошија североисточниот дел од Јапонија, над 300 илјади луѓе се уште живеат во евакуациски центри, објави денеска весникот Токио.
Освен тоа, над 30.000 раселени се во главниот град и преградијата.
Во градот Кадзо во префектурата Саитама, се уште е активно едно од времените засолништа. Таму има 140 луѓе евакуирани од Футаба (префектура Фукушима) заради оштетувањата во АЕЦ. Се очекува тој евакуациски пункт да биде затворен во јуни кога тие луѓе ќе добијат нови домови.