ФОТО: Девет работи кои што не сте ги знаеле за Путин

Од:

Писателот Бен Јуда во својата нова книга „Кревко царство: Како Русија се вљуби и одљуби од Владимир Путин“, содржи интересни податоци за рускиот претседател, кои најверојатно на јавноста не и се познати.

На Јуда му биле потребни три години да ги интервјуира поранешните премиери, актуелните министри, регионалните гувернери и блиски соработници на рускиот претседател, за да дојде до тие факти.

Ова се дел од нив:

Многу сака да спие

Рускиот претседател станува доцна претпладне, а појадува дури околу пладне. За појадок јаде германско сирење, обожава и јајца од преперки и природни сокови.

Најмногу размислува додека е во базен

По појадокот тој заминува на пливање, бидејќи сака да биде сам во базенот. Секогаш носи заштитни очила, а неговиот омилен стил е краул.

10552014_10204348387375717_1481858330_n

Задолжително вежбање

По пливањето на ред доаѓаат вежбите. Тој сака да посветува големо внимание на вежбите за сила, а помалку на крадио-вежбите. Еден од задолжителните ритуали по вежбите е нуркање во топла, па во ладна вода.

Не го сака интернетот, бидејќи го доведува во забуна

10559268_10204348387495720_1368775587_n

Во неговите канцеларии нема телевизор. Путин ја користи само „најбезбедната технологија за комуникација“, хартијата, пенкалото и фиксниот телефон и тоа оној уште од времето на СССР.

Ретко користи интернет, бидејќи сите многуте икони, како и големиот број пораки, го доведуваат во забуна.

Секогаш со себе ја носи својата постелнина

Кога патува надвор од Русија со него одат и неговите готвачи, келнери и и лица задолжени за чистење. За време на престој во некој хотел, сета постелнина се отстранува како и се од бањата и се заменува со нови работи кои ги одобрил Кремељ. Исто така не јаде храна, за која не добил дозвола од Кремељ.

Не го сака Кремељ

10568730_10204348387615723_1111852561_n

Треба да се истакне и дека Путин живее во вила надвор од Москва, бидејќи му пречи сообраќајот, загадувањето и метежот во градот. Не сака ни да го посетува Кремељ, туку сака да работи на својот имот.

На него гледаат како на цар

Најблискиот круг соработници, кои порано го нарекуваа шеф, сега му се обраќаат со зборот цар.

Приватниот живот не му е најдобар

Неговите родители се починати, а тој се разведе од својата сопруга Људмила. Има две ќерки кои не живеат во Русија. И покрај наводите дека во тек на вечерните часови кај него доаѓаат разни девојки, модели, фотографки, гимнастичарки, тој ужива во друштво на својот црн лабрадор.

Се смета себе си за голем работник

Путин тврди дека работи повеќе од кој било лидер уште од времето на Сталин.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Путин организира самит на БРИКС, му доаѓаат Ердоган, Си Џипинг и Моди

Катерина Ѓуровски

Путин: Она што е добро за Србија е добро и за Русија, она што е добро за Србите е добро и за Русите

Трамп: Кина нема да ме испровоцира бидејќи Си знае дека сум луд

Горан Наумовски

Трамп одби да каже дали разговарал со Путин, но смета дека би било паметно да го стори тоа

Русија и Иран формираат сојуз, Америка е загрижена

Путин: Неопходен е нов светски поредок