Фондација бара од шпанскиот крал да им ја врати луксузната јахта

Од:

Фондацијата за туризам и култура во Балеарските острови побара од шпанскиот крал Хуан Карлос да им ја врати луксузната јахта „Фортуна“, вредна 21 милион евра, која што му беше отстапена 2000 година за промоција на туризмот на островите.

Во писмото е наведено дека Фондацијата се надевала дека присуството на кралот на медитеранскиот архипелаг ќе привлече туристи на островите , каде што кралското семејство има летна резиденција и неколку недели годишно претстојува , пренесе „Франс прес“.

Претходно од кралската резиденција е соопштено дека седумдесет и петгодишниот крал се откажал од јахтата поради рецесијата во Шпанија, која доведе до зголемување на стапката на невработеност од рекордни 27 проценти.

Само полнење на гориво на јахтата долга 41,5 метри чини повеќе од 20.000 евра, а последен пат кралот јахтата ја користел во август минатата година пренесуваат шпанските медиуми.

Фондацијата од Балеар упати писмо до Службата за управување со национален имот која покрај јахтата управува и со платите на шпанското кралско семејство, кои се во сопственост на државата, со барање да им биде вратена луксузната јахта.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата