Фон Крамон: Киев ќе ги добие ветените 50 милијарди евра

Од:

Европскиот парламент одобри повеќегодишна програма за финансиска помош за Украина во износ од 50 милијарди евра, објави Виола фон Крамон, пратеник во Европскиот парламент и известувач за Косово во Европскиот парламент.

„Само што одобривме помош за Украина, финансиска помош вредна 50 милијарди евра за наредните години. Следната пленарна недела во Стразбур, парламентот повторно ќе се солидаризира со Украина“, напиша Фон Крамон на Х.

Соопштението се појави и на веб-страницата на Европскиот парламент. Како што е наведено, Комисијата за буџет, Комисијата за надворешни работи и Комисијата за индустрија, научно истражување и енергетика ја одобриле одлуката за ревизија на долгорочниот буџет на ЕУ, кој вклучува помош за Украина.

Да потсетиме, лидерите на ЕУ на 1 февруари го „надминаа“ долгогодишниот отпор на Унгарија и постигнаа договор за доделување макрофинансиска помош за Украина во износ од 50 милијарди евра. Таа сума ќе биде испратена во Киев во следните четири години.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претходно изјави дека ЕУ очекува првите средства да и бидат обезбедени на Украина во март.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент ја одобри новата Европска Комисија на Урсула фон дер Лајен

Каја Калас доби „зелено светло“ во Европскиот парламент за позицијата шеф на европската дипломатија

Горан Наумовски

Европскиот парламент ги одобри преостанатите седум кандидати за еврокомесари

Горан Наумовски

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

Кос: На крајот од мандатот би сакала да го видам Западен Балкан во ЕУ

(Видео) Орбан пречекан во ЕУ парламентот на со Бела Чао; Мецола: Не сте на Евровизија