Фон дер Лајен: Земјите на ЕУ да прифатат квалификувано мнозинство во надворешна политика

Од:

Шефицата на европската извршна власт ги критикуваше земјите членки на ЕУ кои се жалат на недоволно брзата реакција на Унијата кога се во прашање човековите права во светот.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во делот на нејзиниот говор за состојбата на Европската унија посветен на надворешната политика, изјави дека ЕУ стои зад слободата на изразување, човековите права и демократијата, но соочена со критики за недоволно брзите реакции на ЕУ, таа изјави:

-На земјите членки што велат дека Европа е премногу бавна, им одговарам преминете на гласање со квалификувано мнозинство, барем што се однесува до човековите права и санкциите.

Имено за надворешна политика, вклучително и санкции за нарушување на човекови права, во ЕУ се гласа исклучиво едногласно, но Европската Комисија предлага да се премине на квалификувано мнозинство за да не можат да се создаваат блокади.

Фон дер Лајен порача дека ЕК ќе поднесе наскоро нов предлог со кој ќе се комплетираат алатките на ЕУ за санкции на трети земји за човекови права.

Поради блокадите создадени од едногласноста ЕУ не успеала до сега да изрече санкции на пример кон Кина за третманот на муслиманската заедница на Ујгурити, што предизвикува силни критики кај граѓанското општество.

Претседателката го искористи говорот да ја повтори поддршката на ЕУ за народот и протестите во Белорусија.

-На оние кои велат дека треба поблиско партнерство со Русија, го имаме труењето на Навални со недозволен хемиски агенс, тоа не е изолиран случај, тоа се случи во Грузија, во Украина, во Сирија, во Солсбери, се мешаат во избори секаде во светот, ништо, ниеден гасовод тоа нема да го смени, изјави фон дер Лајен.

Осврнувајќи се на Турција, таа повтори дека Анкара е клучен партнер за ЕУ, но дека ниедна провокација кон земји членки на ЕУ нема да се толерира и уште еднаш повика на смирување на тензиите во источниот Медитеран.

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Ана Ололовска

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, ЕК ја избриша изјавата

Ана Ололовска