Фон дер Лајен за „клучната“ гасна врска меѓу Франција и Шпанија

Од:

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска повика на завршување на проектот MidCat, гасовод што ќе испорачува гас од Африка преку Шпанија до Европа, намалувајќи ја зависноста на Европската унија од рускиот гас.

„Денес цела Европа се согласува дека треба да ја намалиме зависноста од руските фосилни горива“, рече Фон дер Лајен во Барселона со шпанскиот министер Педро Санчез.

„Клучно е да се постигнат (европските) климатски цели и да се стави крај на уцената на Кремљ“, рече претседателката на Европската комисија во каталонската престолнина, каде што учествуваше на економски форум.

Дваесет и седум членки на ЕУ сакаат да ја зајакнат енергетската независност на ЕУ со планот „Repower EU“, а според тој план Фон дер Лајен ја нагласи важноста на „прекуграничните проекти, како што е клучната врска меѓу Португалија, Шпанија и Франција“.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, Брисел се обидува да ја намали својата зависност од рускиот гас и да се сврти кон други извори, особено течен природен гас (ЛНГ).

Течниот гас од Северна Африка (од Алжир) би се испорачувал преку Шпанија, која има шест терминали, всушност најголемата мрежа во Европа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен во вкрстен оган

Горан Наумовски

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Длабоко сум вознемирен од сликите од Газа

Урсула фон дер Лајен: Со руски пари да се купи оружје за Украина

Горан Наумовски

Урсула фон дер Лајен ја објави својата кандидатура за втор мандат на чело на ЕК

Путин: Украина се уште добива пари од Русија за транзит на руски гас во Европа