Фон дер Лајен: Разгледуваме опција за соборување на руски авиони

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека соборувањето на руски борбени авиони што влегуваат во воздушниот простор на НАТО и Европската унија е опција што се разгледува.

„Моето мислење е дека мора да го браниме секој квадратен сантиметар од територијата, а тоа значи дека доколку има упад во воздушниот простор, по предупредување, откако сме биле многу јасни, секако опцијата за соборување на борбен авион што влегува во нашиот воздушен простор е на маса“, рече фон дер Лајен во интервју за CNN.

Претседателката на Европската комисија, исто така, изјави дека Русија ја „тестира“ Европа „во сите области“.

„Ова е хибридна војна што ја доживуваме со години, која Русија ја води против демократиите во Европската Унија и другите. И затоа се бориме на сите овие различни фронтови. И како што реков, тоа е одлука на НАТО, но би била многу јасна, не ја допирајте нашата територија“, рече Лајен.

Би можело да ве интересира

Црното Море стана нов фронт на војната: Радев ја повика руската амбасадорка, рекции на ЕУ и НАТО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Урсула Фон дер Лајен во Скопје

Фон дер Лајен: Пресудата од Хаг мора да се почитува, никој не може да ја прекројува историјата на Косово

А1он

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје

Катерина Ѓуровски