Фон дер Лајен: Ние сме посветени да продолжиме да вршиме притисок врз Кремљ

Од:

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен денеска го поздрави договорот за 16-тиот пакет санкции на Европската Унија против Русија и рече дека ЕУ е посветена да продолжи да врши притисок врз Кремљ.

– ЕУ уште пожестоко се справува со заобиколувањето (санкциите) со таргетирање на повеќе бродови од флотата во сенка на Путин и воведување нови забрани за увоз и извоз. Ние сме посветени на продолжување на притисокот врз Кремљ, рече Фон дер Лејен.

Договорот за 16-тиот пакет санкции го поздрави и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас која на социјалната мрежа Х оцени дека ЕУ со построги мерки за заобиколување на санкциите, нови забрани за увоз и извоз и санкции за „флотата во сенка“ на Путин, ја затвора вратата за работата на „руската воена машина“.

„Кремљ нема да ја скрши нашата решителност“, рече Калас.

Амбасадорите на 27-те земји-членки на ЕУ денеска усвоија нов, 16-ти по ред пакет санкции против Русија, кој меѓу другото вклучува забрана за увоз на руски алуминиум во Унијата, објавија дипломати во Брисел.

Би можело да ве интересира

Мема: Урсула фон дер Лајен се обидува да ја претвори ЕУ во Четвртиот Рајх

Урсула фон дер Лајен: „Клучната безбедносна гаранција за Украина лежи во пристапувањето кон ЕУ“

Фон дер Лајен: Го информирав Зеленски за двата клучни приоритети

А1он

Фон дер Лајен: Ова е почеток на нова ера – Европа е енергетски независност од Русија

Европските конзервативци и реформисти бараат оставка од Урсула фон дер Лајен

Санкциите против Русија остануваат на сила, објави Урсула фон дер Лајен