Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го осуди апсењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални и повика тој итно да се ослободи.
– Го осудувам притворањето на Алексеј Навални од страна на руските власти вчера, по неговото враќање во Русија. Руските власти мора веднаш да го ослободат и да ја осигураат неговата безбедност, нагласи фон дер Лајен во писмената изјава.
Урсула фон дер Лајен додаде дека притворот за политички противници „е во спротивност со меѓународните обврски на Русија“ и нагласи дека ЕУ очекува „темелна и независна истрага за нападот врз животот на Алексеј Навални“.