Флорида прогласи вонредна состојба поради вирусот зика

Од:

Гувернерот на американската држава Флорида Рик Скот прогласи вонредна состојба во четири окрузи поради вирусот зика, јави ТАСС.

Во државата се откриени најмалку девет случаи на заболувањето, што се шири преку каснување со комарци.

Според здравствените власти во сите случаи заболените се заразиле при патување во земји, засегнати од вирусот.

Податоците на Центарот за контрола и превенција на заразни болести во Атланта покажуваат дека дека во над десет држави на САД се утврдени над 30 случаи на зараза со вирусот зика во 2015 и 2016 година.

Би можело да ве интересира

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата