Седумдесет и осумгодишниот имам Хафиз Кан, од Флорида е осуден на 25 години затворска казна, бидејќи донирал неколку десетици илјади долари на пакистанските талибанци, кои парите ги употребиле за терористички напади.
Во текот на доказната постапка е утврдено дека Кан за три години испратил околу 50.000 долари во Пакистан, а парите се употребени за финансирање напади на американски и пакистански мети.
Кан кој бил имам во џамија во Мајами, тврди дека парите им биле наменети на семејството, пријателите и верското училиште кое што тој го основал.
Елена Георгиевска