Флин: Изгубена е војната во Украина

Од:

Поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговиот прв мандат, Мајкл Флин, изјави дека „војната во Украина е изгубена“.

Како што рече, САД мора веднаш да најдат излез од „катастрофалната“ ситуација и да ги преиспитаат сите одлуки донесени за време на администрацијата на Џо Бајден.

„Војната во Украина е изгубена и САД мора веднаш да ги преиспитаат сите одлуки донесени од администрацијата на Бајден. Ова е катастрофа и ние мора веднаш да најдеме излез за САД“, напиша Флин на мрежата X.

Коментирајќи ја изјавата на Флин, шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции и специјален претставник на рускиот претседател, Кирил Дмитриев, оцени дека „лажните наративи на Бајден се распаднаа“.

Тој, исто така, истакна дека Вашингтон мора да се врати на реалистичен дијалог и потрага по мирно решение, почитувајќи ги интересите на Русија.

Би можело да ве интересира

Олејник: Зеленски од почетокот на војната во 2022 година помина само 40 отсто од работното време во Украина

Захарова: Помалку пари за Европејците, милијарди за Киев

Зеленски: Русија подготвува нов масовен напад врз украинската инфраструктура

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Украина тврди дека за првпат собори беспилотно летало со млазен мотор користејќи борбен ласер

А1он

Хакери украдоа податоци: Откриен e бројот на загинати Руси во битките за Покровск и Авдијевка

Шведска ѝ додели 48 милиони евра на Украина за справување со зимата