Финскиот гувернер Оли Рен за постепено зголемување каматните стапки на ЕЦБ

Од:

Подобро е постепено да се приспособува монетарната политика на еврозоната во сегашното неизвесно опкружување, изјави денеска членот на Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) и шефот на финската централна банка, Оли Рен.

– Во неизвесна ситуација – вклучувајќи ги и геополитичките тензии и нивните можни импликации врз цените на енергијата и економскиот раст – подобро е да се гледа како се развива ситуацијата отколку да се лелека, како што велат старите, и постепено да се напредува чекор по чекор кон нормализирање на монетарната политика, рече Рен во Хелсинки.

Финскиот гувернер практично ги повтори зборовите на претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, која во понеделникот рече дека секое приспособување на монетарната политика ќе биде постепено.

Минатата недела ЕЦБ го повлече ветувањето дека нема да ги зголеми каматните стапки во 2022 година, а креаторите на монетарната политика на еврозоната сега размислуваат за план за намалување на стимулациите кои со години ја одржуваа економијата на 19-члениот блок.

Говорејќи на настан по повод две децении од заедничката валута на еврозоната, Рен ја нагласи важноста на еврото во зајакнувањето на единството во Европската унија во услови на геополитички превирања што предизвика зголемување на цените на енергијата и забрзување на инфлацијата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Европската централна банка испрати предупредување

Европската банка ја зголеми основната каматна стапка

Европската централна банка ги покачи каматните стапки првпат по 11 години

Лагард: Развојот на економијата на еврозоната зависи од ситуацијата во Украина

А1он

Лагард: Дигиталното евро ќе биде дополнување на евро банкнотите, а не замена

А1он

Глобалните инвеститори купуваат американски долари, јени и швајцарски франци

А1он