Финска и Русија ја затворија границата за мигранти

Од:

Финска и Русија постигнаа договор за затворање на заедничката граница на север за мигрантите, со цел да биде блокирана Арктичката рута за доаѓање во Европската Унија.

– Само граѓаните на Финска, Русија, Белорусија…можат да ги користат граничните премини Сала и Раја-Јосепи на северот на Финска, соопшти денеска Владата во хелсинки.

Договорот, кој е со траење шест месеци, објавен е еден ден по посетата на финскиот претседател Саули Нинистоа на Москва, каде разговараше со рускиот претседател Владимир Путин.

– Причина за воведување на оваа рестрикција е спречување на организираната илегална миграција, соопшти финската Влада.

Во последните четири месеци, околу 1.700 баратели на азил, главно од Авганистан и Сирија влегле во Шенген зната преку двата северни руско-фински премини.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа