Филипински работнци масовно се враќаат од Сирија

Од:

Филипинското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека од почетокот на годинава од Сирија се вратиле 5.360 Филипинци кои работеле во Сирија. Бидејки состојбите во Сирија и натаму се неизвесни, властите во Манила, во соработка со Меѓународната Организација за Миграција ќе обезбедат авионски билети за уште десетина илјади Филипинци кои се уште се наоѓаат во Сирија, најмногу во Дамск.

Филипинските граѓани во Сирија најмногу работат како персонал во хотелите, бебиситерки и куќни помошнички. Голем број од нив се обидуваат да преминат во богатите емирати на Блискиот Исток, но и таму, иако имаат висока репутација, нивниот број е прегоелем и тие тешко обезбедуваат документи за легален престој.

Би можело да ве интересира

Лавров: Русија ќе бара безусловно укинување на сите санкции за Сирија

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија