Филипини на Канада и вратија тони отпад

Од:

Во Канада пристигна товарен брод со тони канадски отпад, кој со години бил складиран на Филипини. Бродот пристигнал на терминал кај Ванкувер и довезол 69 контејнери ѓубре, соопштија локалните власти. Отпадот, потоа е претоварен во камиони до посебни места, каде ќе биде запален.

Враќањето на отпадот во земјата каде настанал е епилогот на дипломатската криза меѓу Манила и Отава, одразувајќи го ставот на азиската земја дека не сака да биде депонија за целиот свет. Отпадот на Филипини бил складиран шест години, и беше причина за дипломатска криза со Канада. Конфликтот почна во 2013 година, откако една канадска компанија испрати контејнери со ознака „пластичен отпад кој може да се рециклира“. Всушност, тие контејнери содржеле секаков вид отпад, вклучувајќи и домашно ѓубре, па дури и валкани пелени. Дел од тој товар бил преработен, но најголемиот дел бил складиран во објекти на филипински пристаништа.

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте во април, годинава, се закани дека ќе „прогласи војна со Канада“ доколку не си ги земе контејнерите, а во мај го повлече својот амбасадор во Отава „на консултации“. набрзо Отава најави брза „репатријација на отпадот“, осигурувајќи „безбедно и еколошки исправно складирање“ да се изврши во Канада до крајот на летото 2019 година. Канада, исто така, ги смени своите прописи за во иднина да спречи извоз на таков материјал без дозвола.

Индустриски развоените земји имаат проблем со пластичниот отпад, кој Кина некогаш го прифаќаше, но не го прави тоа од минатата година поради зачувување на својата животна средина. Примерот на Кина го следеа неколку земји од југоисточна Азија, но огромни количини отпад сепак се испратени во Малезија и Индонезија.

Би можело да ве интересира

Кина воведува царини за Канада

(ВИДЕО) Пукање во Торонто: Осомничениот во бегство откако рани најмалку 12 луѓе

Трудо: Трговската војна би можела да продолжи во догледна иднина

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трудо: Трамп сака целосен колапс на нашата економија за да може полесно да нè припои

Горан Наумовски

Трамп: На американските банки не им е дозволено да работат во Канада