Филе во понеделник во Њујорк на средба со Нимиц

Од:

Комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе, в понеделник во Њујорк ќе се сретне со посредникот на Обединетите нации за грчко-македонскиот спор за името, Метју Нимиц, јавува дописникот на МИА од Брисел.

На помалку од еден месец до лиферувањето на најновиот прогрес-извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во евроинтеграциите, Филе се среќава со Нимиц со намера да се увери дали навистина е дотолку заглавен спорот, што се разбра од последната прес-конференција на Нимиц во Скопје.

– Во контекст на неговите редовни контакти со заинтересираните страни, комесарот Филе е предвидено в понеделник во Њујорк да се сретне со Метју Нимиц, изјави за МИА, портпаролот на Филе, Петер Стано.

Од Комисијата не сакаата да соопштат дали еврокомесарот за проширување и посредникот на ОН ќе разговараат за можен нов предлог за решавање на спорот за името, но јасно е дека намерата на Филе е да “опипа пулс” со цел да знае дали на 16-ти октомври (кога ќе го лиферува извештајот за Македонија), како и лани да предожи нешто слично во однос на тоа Македонија да ги почне преговорите за членство со решавање на наметнатиот спор од Грција во раната фаза од преговорите.

Како што е познато, посредникот Нимиц минатата недела во Скопје откри дека Грците не отстапуваат од тврдите позиции за име за севкупна употреба за Република Македонија (со промена и на Уставот) и да не се впишат македонскиот народ и јазик како државни на земјата. Тоа се протолкува како пат-позиција во однос на спорот за името, што на Европската унија најмалку и одговара, со оглед на тоа што Македонија е девет години земја-кандидат, а четири години по ред добива позитивни препораки да ги започне пристапните преговори, но поради блокадите од Грција на Европскиот совет, тоа не е можно.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он