Партијата на премиерот Виктор Орбан, Фидес е победник на вчерашните локални избори во Унгарија, остварувајќи победи во главниот град Будимпешта и 20 од вкупно 23 поголеми градови во земјата.
По преброени 83 проценти од гласовите, премиерот Орбан излезе со трета изборна победа годинава по парламентарните и евроизборите во земјата.
Крајнодесничарската партија Јобик, заостанува значително зад Фидес, остварувајќи победа во девет помали градови во Унгарија.
Изборната активност на вчерашните локални избори во Унгарија изнесува 42 проценти, што е за околу 4 проценти помалку од 2010 година.