Фидел Кастро не им верува на САД, но не е против преговори за подобрување на односите

Од:

Поранешниот кубански претседател Фидел Кастро изјави дека се уште не им верува на политичарите во Вашингтон, но и покрај тоа смета дека несогласувањата меѓу Куба и САД треба да се решат по пат на соработка.

Со свој прв коментар на декларацијата од 17 декември меѓу двете земји за подобрување на односите, Кастро се обрати преку писмо до студентската федерација, кое беше прочитано во Хаванскиот универзитет.

– Не им верувам на американските политичари, ниту сум разменил еден збор со нив, но тоа не значи дека го отфрлам мирното решавање на проблемот, пишува во писмото.

Осумдесет и осум годишниот Кастро нагласи дека секогаш бил приврзаник на соработка меѓу народите, вклучувајќи ги и непријателите на Куба.

Би можело да ве интересира

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес