Фицо: Во Украина се борат нацистички трупи

Од:

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека нацистичките трупи се борат во Украина, но дека меѓународната заедница тоа не го забележува.

„Сите зборуваме за фашизам, нацизам, а во исто време тивко толерираме војници со многу јасна етикета да трчаат низ Украина, поврзани со движења кои денес ги сметаме за опасни и забранети. Бидејќи ова е геополитичка битка, тие никому не му пречат“, рече Фицо при посетата на Музејот на холокаустот во словачкиот град Серед, пренесува ТАСР.

Фицо посочи дека светот е полн со лаги, бидејќи, како што наведе, „од една страна меѓународната заедница зборува за злосторства, а од друга сè повеќе прави компромиси со кои се навредува положбата на жртвите на холокаустот и расното насилство“.

„Меѓународната заедница мора да признае дека е невозможно да им дозволи на војниците кои користат нацистички симболи и често се однесуваат соодветно да се борат во Украина“, додаде словачкиот премиер.

Министерството за надворешни работи на Украина соопшти дека Киев е разочаран од изјавата на премиерот на Словачка Роберт Фицо за војниците на вооружените сили на Украина, која, како што велат, „противречи на постојното ниво на доверба и соработка меѓу Украина и Словачка“.

Би можело да ве интересира

Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо

Дојави за бомби во канцелариите на партијата СМЕР на премиерот Роберт Фицо

Зеленски го поддржа соборувањето на Фицо

А1он

Масовни протести низ Словачка бараат распуштање на владата поради проруската политика на Роберт Фицо

А1он

Фицо: Словачката опозиција се подготвува за свој „Мајдан“