Италијанско-американскиот производител на автомобили „Фиат крајслер“ (ФЦА) ќе потроши милијарда американски долари за да го префрли производството на теренски возила од Мексико во Мичиген. Со ова, фабриката ќе отвори нови 2.500 работни места.
ФЦА, исто така, ќе исплати бонуси од по 2.000 долари за 60 илјади вработени во САД, кои ќе бидат исплатени во вториот квартал од годинава.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, веднаш ја поздрави одлуката на ФЦА.
„Му благодарам на ‘Крајслер’. Многу мудра одлука. Гласачите во Мичиген се многу среќни што гласаа за дуото Трамп/Пенс“, напишал Трамп на Твитер.