Новиот шпански крал Фелипе Шестти положи заклетва денеска пред Парламентот, изјавувајќи дека ќе ги почитува Уставот и законите на Шпанија, како и правата на граѓаните и автономните области.
Четириесет и шест годишниот Фелипе го зазеде денеска местото на неговиот татко Хуан Карлос, кој абдицира по 39 години на престолот.
Неколку минути пред положувањето на заклетвата на новиот монарх, Хуан Карлос му го предаде црвениот појас, симбол на улогата на кралот како главен командант на вооружените сили на Шпанија.