Расправијата што започна на Фејсбук се прошири во тепачка во која еден 16-годишник на својот школски другар му го одгриза увото!
Поради Фејсбук луѓето стануваат се поагресивни и понасилни, а корисниците на оваа социјална мрежа во пораките и коментарите често пишуваат нешта кои не би се осмелиле да ги кажат на други луѓе во лице, а агресијата и расправијата од Фејсбук и други онлајн сервиси лесно може да се пренесе во реалниот свет.
Вака корисниците на Фејсбук ги опиша судијата од Ливерпул Најџел Гилмор, кој рече дека судовите имаат се повеќе случаи кои започнале токму на Фејсбук. Еден таков пример е случајот на 17-годишниот Даниел Канон, кој по една расправа започната на оваа социјална мрежа, се степал со еден соученик на кој на крајот му одгризал дел од увото.
Судирот се случил откако братот на Канон на повредениот му испраќал “навредливи и насилни пораки “преку мрежата на Цукерберг па судијата рекол дека ќе биде посоодветно неговиот брат да се појави на суд наместо него.
Канон во судот ја призна кривицата и избегна притвор (во време на нападот имал 16 години а ако беше полнолетен сигурно ќе завршеше во затвор-вака мора да одработи 150 часа за добротворни цели, а доби и 18-месечен надзор), а судијата за неговиот напад рече “ги искористил забите како оружје”, бидејќи му одгриза дел од увото на младиот човек кој беше нападнат, кое лекарите не успеаја да го пришијат.