„Фејсбук“, „Инстаграм“ и уште неколку сервиси утринава престанаа да работат, а хакерската група Лизард сквод соопшти дека е одговорна за DDoS нападите на овие мрежи.
Сепак, „Фејсбук“ истакнува дека нема место за загриженост затоа што популарната социјална мрежа не е хакирана. Компанијата соопшти дека прекинот во работата настанал поради внатрешни измени кои биле спроведувани на сервисот, поради што „Фејсбук“ беше исклучен.
Слични проблеми исто така имаа и „Месинџер“, „Инстаграм“, „Тиндер“, АИМ, „Мајспејс“ и „Хипчет“, но засега не се знае која е причината за нивното паѓање.