Фејсбук ќе ги блокира профилите на припадниците на мјанмарската армија

Од:

Фејсбук најави дека ќе ги блокира профилите на сите лица поврзани со армијата на Мјанмар.

Таквата одлука уследи откако претходно беа блокирани неколку страници и државните медиуми, контролирани од армијата на Мјанмар.

– Настаните по воениот удар, вклучително и полициското насилство и смртните случаи ја наметнаа забраната. Сметаме дека е голем ризик да и се дозволи на армијата пристап до Фејсбук и Инстаграм, се наведува во соопштението на Фејсбук.

Војската на Мјанмар на 1 февруари воведе вонредна состојба и ја презеде власта во државата и уапси високи владини функционери под обвинување за измама на минатогодишните избори, меѓу кои и легално избраната премиерка Аунг Сан Су Чи.

Власта ја презеде командантот на вооружените сили генерал Мин Аунг Хлаинг, кој смени 24 министри и заменици и именува 11 нови министри.

Би можело да ве интересира

Во разорниот земјотрес во Мјанмар загина и Силиме која беше прва носителка на титулата „Мис туризам“

Се зголемува бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар

Пет дена по земјотресот спасен e маж од под урнатините во Мјанмар, досега се загинати 2.886 лица

Жена после 91 час е извлечена од урнатините по земјотресот во Мјанмар

Нов силен земјотрес го погоди Мјанмар: Повторно се тресе тлото

Горан Наумовски

ВИДЕО: Драстично зголемен бројот на жртви од земјотресот во Мјанмар

Катерина Ѓуровски