ФБИ преку социјални мрежи „врбува“ Руси: Можеме да ви ја промениме иднината

Од:

Американското ФБИ се обидува да регрутира Руси преку социјалните мрежи со цел да собере разузнавачки податоци, објави Фокс њуз.

Според извештаите, Федералното биро за истраги (ФБИ) од февруари се обидува да регрутира руски државјани користејќи ги социјалните мрежи.

„Видео објавено на Фејсбук и Твитер прикажува сцени од главниот град на САД и руската амбасада, со глас на руски јазик кој му кажува на слушателот дека ФБИ може да ја промени неговата иднина доколку тој е во можност да обезбеди разузнавачки информации за Соединетите држави. нараторот вели дека ФБИ „бара шпиони, емигранти и сите оние кои имаат информации против Кремљ“, објаснуваат новинарите на Фокс њуз.

Како што се наведува, експертите имаат поделено мислење кога станува збор за успехот на овој вид на рекламирање. Според познавачите на проблематиката, квалитетот на ваквото видео не е задоволителен, што „го поткопува авторитетот на ФБИ“.

„ФБИ го користи овој нов метод од неколку причини. Прво, исклучително е тешко да се регрутираат руски агенти. Русија е исклучително тешка средина бидејќи нејзините контраразузнавачки служби се меѓу најефикасните и најнемилосрдните во светот. ФБИ реагира на модерното време кога младите постојано се на социјалните мрежи.

„Се обидува да фрли широка мрежа и да добие поголема корист привлекувајќи повеќе потенцијални кандидати за шпионажа во САД. Им посакувам добро, но мојата доверба во успехот на таа програма е блиску до нула“, вели еден од експертите кои ги консултирал медиумот.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот