Фармацевтски гигант Мерк прва жртва на кибер нападите во САД, од вирусот погоден и Чернобил

Од:

Американската фармацевтска компанија Мерк (Merck) соопшти дека и таа била цел на денешните кибер напади, кои се проширија во Европа, откако ги погоди Русија и Украина, пренесе БТА. Така Мерк стана првата жртва на вирусот Петја (Petya) во САД.

– Нашиот цел информациски систем е засегнат од овој глобален кибер напад изјави портпаролката на фирмата, прецизирајќи дека групата го открила проблемот во утринските часови (по локално време) Таа не сакаше да одговори на прашањето за потенцијална кражба на податоци.

Во меѓувреме корпорацијата Мајкрософт информираше дека води истрага за ситуацијата со вирусот Петја, кој погоди денеска голем број компјутери во различни земји, пренесе ТАСС.

Германскиот синџир продавници Метро соопшти дека и нивните објекти за трговија на големо во Украина се погодени од кибер нападите, и оти во моментов се прави проценка на последиците.

Напад со вирусот Петја беше спроведен и против руските нафтени компании Роснефт и Башнефт, банки и меѓународниот аеродром во Украина, производителите на чоколадни производи Марс и Монделијз, козметичкиот гигант Нивеа и данскиот транспортен концерн А.П. Молер Мерск.

Одредени проверки за радиоактивност во зоната на Чернобил, каде во 80-те се случи голема нуклеарна хаварија, се вршат рачно, откако и тие беа зафатени од бранот кибер напади.

„Поради привремено исклучување на системите Виндоус, следењето на радијацијата на индустрискиот објект се врши рачно”, се вели во соопштението на државната агенција, која ја контролира забранетата зона во Чернобил.

Претставник на агенцијата прецизираше дека само проверките за радиоактивност на персоналот на влегување и при напуштање на зоната се вршат рачно, додека сите други операции за следење на радијацијата се спроведуваат во нормален режим.

„Сите технолошки системи на централата работат нормално“, истакна агенцијата.

Напаѓачите бараат откуп од 300 американски долари во биткоини. Еден биткоин на кибер пазарот во моментот чини околу 2.500 долари.

„Петја“ вирусот е поинаков од вобичаените „ренсомвер“ вирусот кој се користи за напади во кои се бара откуп од корисникот за да може да пристапи до документите. „Петја“ ги користи пониските структури на хард дискот за да го заклучи целиот систем.

Би можело да ве интересира

Рама: И Македонија и Црна Гора се соочуваат со кибер-напади, не само ние

А1он

Албанија ќе потроши 24 милиони долари за зајакнување на кибер одбраната

А1он

Сиромолотов: Тврдењата на САД за руски кибернапади се апсурдни

А1он

Велика Британија ја обвини Русија за кибер напад врз Украина

А1он

„Руската влада е одговорна“ за најновите кибер напади врз Украина, тврди американски официјален претставник

А1он

Си-ен-ен: Официјални лица се сретнаа со директори на големи американски банки за заштита од потенцијални руски кибер напади

А1он