Јапонија е една од најразвиените држави во светот, а по државно уредување е парламентарна монархија на чие чело се наоѓа цар. Ова се некои од најинтересните факти за оваа неверојатна држава.
Во Јапонија речиси 100 проценти од населението е писмено
Невработеноста е помала и од 4 проценти
Кај нив постојат автомати за пиво, како што кај нас има апарати за кафе
Мажите во Јапонија често во знак на извинување си ја бричат главата
Оваа држава има една од најниски стапки на убиства во светот
Повисок под во куќите значи дека тука треба да се оди без чевли. Подот е повисок за 12 сантиметри
Повеќето тоалети во Јапонија имаат вградено делови од кои под разни агли тече вода
Просечниот животен век за мажите е 79, а за жените 86 години, поради што тие се најдолговечна нација во светот
Јапонките се опседнати со диети и брендови, кои го претставуваат статусниот симбол
Јапонците имаат најлош вид, па дури 40 проценти од популацијата носат очила или контактни леќи
Годишно за јадење трошат околу 23 милијарди дрвени стапчиња за еднократна употреба
Тие се срамежливи и тешко ги искажуваат своите чувства
Во тек на сообраќајниот метеж во Токио на секое зелено светло на семафорите истовремено поминуваат околу 3.000 луѓе
Мобилните телефони им служат како кредитни картички и преносен ТВ приемник
Одредени ресторани во Јапонија вработуваат роботи
Крал на суши во Јапонија е туната, а Јапонците во просек јадат една третина од светската потрошувачка
90 проценти од стапчињата за храна кои Јапонците ги користат се од Кина
Секој ден 1.850.000 парови посетуваат хотели за љубов, што е доста интересно со оглед на фактот дека Јапонците имаа речиси три пати поретки сексуални односи во однос на остаток на светот
Јапонија има највисока стапка на самоубиства, бидејќи годишно околу 35.000 или 90 лица дневно, односно на секои 16 минути вршат самоубиства
Децата во Јапонија и Јужна Кореја се најдобри во математика и другите науки во светот
Првите гејши во Јапонија биле мажи
Според јапонскиот закон човекот е полнолетен на 20 години
Е. Г.