Евростат: Во 2015 година во ЕУ со истражувања се занимавале 76 милиони лица

Од:

Повеќе од 76 милиони лица од ЕУ во 2015 година биле вработени во областа на науката и технологиите, што изнесува речиси една третина (31 процент) од вкупната работна сила на Стариот континент, покажува анализата на Евростат.

„Јадрото“ во ЕУ, кое целосно и директно се занимава со научна и развојна дејност и е главно сочинето од луѓе со професии во научно-технолошките специјалности, изнесувало околу 49 милиони лица или околу 20 отсто од вкупната работна сила во ЕУ, јавува БТА.

Највисок удел или повеќе од половина (51 процент) од вкупната работна сила во Луксембург во 2015 година биле вработени во областа на науката и технологиите. Следуваат: Шведска, Швајцарија и Норвешка со по околу 42 проценти и Данска со 40 проценти вработени кои работиле во сферата на науката и технологиите.

Најнизок удел е регистриран во Романија, која е единствената држава-членка на ЕУ во која помалку од една петтина (околу 19 отсто) од работната сила се користела во областа на науката и технологиите. На следната позиција според најмал удел на искористеност на работната сила во науката и технологиите е Грција со 20 отсто.

Лидер во генерирањето на финансиски средства од развојна дејност во областа на науката и технологиите во 2015 година била Германија со вкупен обрт од приближно 118 милијради евра. Следуваат: Швајцарија со 104 милијарди евра, Франција со 73 милијарди евра, Италија со 47 милијарди евра и Велика Британија со 40 милијарди евра.

Во Бугарија со истражувања, односно со научна и развојна дејност во посочената 2015 година се занимавале 14.000 лица, покажува анализата на Евростат. Приближно половина од истражувачите поседувале и докторски дисертации.

Би можело да ве интересира

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ