Европските социјалисти го поддржаа Мартин Шулц за претседател на Еврокомисијата

Од:

Групата на социјалистите и демократите во Европскиот парламент денеска сооопшти дека ја поддржува кандидатурата на претседателот на Европарламентот, Мартин Шулц за претседател на Европската комисија.

Согласно Лисабонскиот договор, следниот шеф на Европската комисуја ќе биде избран по изборите за Европарламентот што ќе се одржат на крајот на мај следната година.

Според претседателот на Групата на социјалистите и демократите, Ханес Свобода, Шулц на актуелната функција покажал дека е лидер од светско ниво.

Шулц претходно осум години беше претседател на парламентарната група на еврпските социјалистите.

Во соопштението на Групата се нагласува дека за социјалистите главни предизвици денес се масовната невработеност меѓу младите и растечкиот јаз меѓу сиромашните и богатите во ЕУ.

Меѓу нивните цели се и промени во сферите на заштитата на животната средина, економијата и финансиите.

 

Би можело да ве интересира

Мицкоски е оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес

Бербок: Берлин е за укинување на едногласноста во ЕУ, но Скопје мора да ги почитува компромисите

Горан Наумовски

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“