Европскиот суд во Стразбур ја осуди Русија за потикнување хомофобија

Од:

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја осуди Русија за дискриминација и за „потикнување хомофобија“ со нејзиниот закон за анти-геј пропаганда.

Повод за пресудата е жалбата на тројца руски активисти за правата на хомосексуалците , затоа што суд во Москва ги осудил за непочитување на одредбите од законот.

Законот кој предизвика осуди во меѓународната заедница и силно противење кај руските активисти за човекови и геј права, е донесен во 2013 година и со него се определива дека е кривично дело да се промовира хомосексуалноста кај млади под 18 години.

Определана е казна од пет илјади рубљи (85 долари) за оние кои ке го прекршат законот. Казната за раководни лица е десет пати повисока, а за бизнисот и за училиштата иснесува 500 илјади рубљи, или околу 8500 долари.

Во образложението на Судот во Стразбур се вели дека со казнувањето на тројцата руски активисти, државата Русија ги повредила членот 10 , за слобода на изразувањето и членот 14 кој забранува дискриминација, од Европската конвенција за човекови права.

Русија се обвинува дека со примената на овој свој закон, практично, забранила било каква толеранција или подршка за хомосексуалната заедница.

Уште во 1993 година во Русија е извршена декриминализација на хомосексуалноста, но во пракса , анти-геј предрасудите во рсукото општество сега се позасилени од порано.

Руското Министерство за правда најави жалба на пресудата на Судот од Стразбур.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија