Европскиот совет повикува на засилени мерки насочени кон борба против нелегалните напади

Од:

Европскиот совет денеска одлучи ЕУ да продолжи да ги зајакнува своите можности за справување со хибридни, кибернетички, хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни закани.

Европскиот совет го осудува непријателскиот електронски напад врз Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО).

– Таквите закани и напади ја зајакнуваат нашата заедничка решеност да продолжиме да ја јакнеме внатрешната безбедност на ЕУ, како и способноста и можностите за откривање, спречување и одговор на непријателски активности на странски разузнавачки мрежи, се наведува во заклучоците од средбата на шефовите на држави и влади на ЕУ.

Европскиот совет повикува на мерки насочени кон борба против нелегалните и кибер напади и ја истакнува потребата за заштита на демократските системи на ЕУ и борба против дезинформациите, вклучително и во пресрет на претстојните избори за европратеници, со целосно почитување на основните права.

Би можело да ве интересира

Европскиот совет ги поддржа заклучоците на Советот на ЕУ за проширувањето

Кошта: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ

А1он

ЕУ го осуди лансирањето ракета од Северна Кореја како неоправдана агресија

Мишел најави нови санкции кон Русија

Европскиот совет до Русија: Воените злосторства мора да запрат

Мишел реизбран за претседател на Европски совет

А1он