Европскиот совет ги поддржа заклучоците на Советот на ЕУ за проширувањето

Од:

Европскиот совет вечерва ги поддржа заклучоците за проширување на Советот за општи работи на ЕУ, и ја истакна континуираната важност на проширувањето како геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот.

„Потсетувајќи се на своите претходни заклучоци и Декларацијата од Гранада од 6 октомври 2023 година, и во согласност со својата стратешка агенда, Европскиот совет ја нагласува континуираната важност на проширувањето како геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот. Надградувајќи ја новата динамика во процесот на проширување, а во согласност со пристапот заснован на заслуги, и Унијата и оние кои се стремат кон членство имаат одговорност да ја искористат оваа можност максимално“, се вели во дел од заклучоците на Европскиот совет посветени на проширувањето и реформите.

Во исто време, се забележува дека Европскиот совет ги поддржал заклучоците за проширување на Советот за општи работи на ЕУ, кои беа усвоени на 17 декември, а во кои беа вклучени Србија, Црна Гора, Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Турција, Украина, Молдавија, Грузија, како и Косово.

Би можело да ве интересира

Кошта: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ

А1он

ЕУ го осуди лансирањето ракета од Северна Кореја како неоправдана агресија

Мишел најави нови санкции кон Русија

Европскиот совет до Русија: Воените злосторства мора да запрат

Мишел реизбран за претседател на Европски совет

А1он

ЕУ ниту го потврдува, ниту демантира наводниот нон-пејпер на Јанша