Лидерите на земјите членки на Унијата повикаа на воведување санкции за кибер напади во ЕУ, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба на шефовите на држави или влади на блокот.
Тој истакна дека овој повик е поврзан со неодамнешниот кибер напад врз Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО) во Хаг.
Според Туск, потребни се санкции за спречување на илегалните кибер напади.
Во претходните заклучоци на Европскиот совет, шефовите на држави или влади на членките ЕУ го поздравија усвојувањето на нов режим на санкции за борба против заканата од хемиско оружје. За негова примена, потребна е одлука на Советот на ЕУ.