Европскиот парламент ќе ја разгледа примената и иднината на механизмот за соработка и проверка

Од:

 Европскиот парламент денеска почнува нова, четиридневна, сесија во Стразбур.

ЕП во среда ќе ја разгледа методологијата, актуелното применување и иднината на механизмот за соработка и проверка, се посочува во конечната програма за претстојната сесија.

Се предвидува за ова прашање изјава да даде претставник на Европската комисија.

Бугарија и Романија се единствените држави во ЕУ, кои се ставени под набљудување преку овој механизам.

Програмата на сесијата предвидува денеска европратенциите да разгледаат извештај за трансевропската енергетска инфраструктура. Во документот се гледа дека се уште не е постигната целта сите држави од ЕУ да располагаат со ниво на меѓусистемско поврзување, што соодветстува на најмалку 10 проценти од нвиниот производствен капацитет.

Зголемувањето на енергетската ефикасност може да придонесе за ограничување на неопходноста од изградба на нови инфраструктури, се забележува во извештајот.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина